• Fri. May 17th, 2024

Забележано намалување од 45,6 проценти на починати лица од коронавирус

Забележано намалување од 45,6 проценти на починати лица од коронавирус

Минатата недела е забележано намалување од 45,6 проценти на починати лица од коронавирус во споредба со неделата претходно, односно биле евидентирани 68 смртни случаи во 19 градови во земјава, покажува неделниот извештај на Инстутутот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 21 до 27 февруари годинава.

За овој период регистрирано е и намалување на позитивни случаи во однос на претходната недела за 39,5 проценти или биле евидентирани 3.702 новозаболени со ковид-19. Процентот на позитивност се движи од 13,1% до 24,2%, просечно 18,6%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци, Скопје и Гевгелија. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 543 реинфекции, од кои една е втора реинфекција, со намалување за 37,2% во однос на претходната недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група над 60 години. Најмал број е регистриран кај децата до 9 години. Во однос на претходната недела, се бележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 43,6% кај чицата од 10-19 години и 43,5% од 50-59 години.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 337 лица (23,3% помалку во споредба со претходна недела), од нив 255 се на кислородна поддршка (14,1% помалку во споредба со претходна недела), а 9 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (18,2% помалку во споредба со претходна недела).
Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 6.094 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *