• Sun. May 12th, 2024

Електронски изданија од роднокрајни автори достапни на новата веб-страна на библиотеката „Гоце Делчев“, Гевгелија

ByЃ. K.

Jul 6, 2023

Градската библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија отсега има своја официјална веб-страна на која граѓаните ќе имаат можност да ги следат активностите на Библиотеката, како и да најдат одредени информации што им се најпотребни.

Стефан Марковски, директорот на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, истакна дека преку веб-страната и Проектот: „Дигитална библиотека“, ќе биде ставен фокус врз сето она што го конституира Роднокрајниот оддел, односно до крајот на неговиот мандат ќе се објавуваат дела во електронска верзија од автори од различни генерации со гевгелиско потекло – значајни литературни, историски, монографски и други видови книжевни дела кои се однесуваат на Гевгелија и гевгелискиот крај.

  • Промовирањето на значајни автори за македонската литература пред гевгеличани, исто така, претставува важна активност на Библиотеката, во паралела со поттикнувањето на литературното творештво на гевгелиските автори од различни генерации преку книжевни конкурси, како и преку натамошното продолжување на веќе јубилејното 10-годишно издание на „Метрички карван“, смета Марковски.

Во моментот, новата веб-страна располага со пристап до изданијата „Метрички карван“ https://bibliotekagevgelija.com.mk/…/metricki-karvan/ и некои изданија од автори со потекло од Гевгелија и гевгелискиот крај: https://bibliotekagevgelija.com.mk/…/rodnokrajni-avtori/ со најава дека претстојниот период ќе се работи на дигитализација и на други изданија од овој оддел.

By Ѓ. K.