• Wed. May 15th, 2024

Екс голманот Јане Николовски нов тренер на Хоризонт Турново

Јане Николовски, поранешниот македонски репрезентативен голман го превзема кормилото на прволигашот Хоризонт од Турново, откако на ова позиција кусо беше екс селекторот Никола Илиевски – Џиџи. Хоризонт Турново во овој шампионат не оствари забележителни резултати .
mkd-100474

Со само пет бодови е на осмата позиција на прволигашката табела. Тој ке има за задача го консолидира тимот и го врати на победничките патеки. Првата шанса Јане Николовски ја има веќе следното коло против фенерџијата ,,Металург,,
Николоски летово беше тренер на кипарски Арис Лимасол, но по нецели два месеци го напушти клубот. Поранешниот репрезентативен голман по завршувањето на фудбалската кариера беше тренер и на прилепска Победа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *