• Fri. May 17th, 2024

Ексклузивно – Стојков и Тимов ќе заиграт за Академијата на Горан Пандев !!!

Академија Пандев во своите редови ги носи Аце Стојков и Филип Тимов пред стартот на фудбалскиот шампионат неофицијално дознава ВИС СПОРТ.

Стојков кој заедно со Пандев ја почнаа интернационалната кариера веќе ставил потпис на договорот  понуден од Академијата и ќе го носи дресот бр. 77 велат нашите извори. Аце Стојков зад себе има огромна фудбалска кариера а беше дел  и од македонската репрезентација. Се очекува токму тој да биде креаторот играта но и головите за пандевци ова сезона.

Освен Стојков , договор се очекува да биде потпишан и со Филип Тимов кој последната сезона играше за кратовски  Силекс. Тимов кој има настапувано за Хоризонт Турново,  Копер, Арис Лимасол од Кипар како и за ерменските Импулс и Банантс беше со Академијата во рамките на подготвителниот период но до официјален потпис не дојдоа.

Со новите и претходните засилувања , фудбалските работници тврдат дека Академијата ова сезона направи  респектабилна  екипа спој на искусни и млади фудбалери и ќе биде тежок противник за сите проволигаши. Инаку најголемито дел од играчите односно костурот на прволигашкиот тим е од сопствените погони

Од клубот ниту ги потврдија ниту ги демантираа информациите на ВИС СПОРТ но нагласија дека за сите нови засилувања ќе излезат со официјални соопштенија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *