• Fri. May 17th, 2024

Едно лице кое било во државен карантин од Валандово е позитивно на Ковид 19 и е на инфективна клиника во Битола

Во денешната статистика од 28 новорегистрирани лица , позитивни на корона вирусот се впишува и првиот валандовчанец.Во телефонски разговор директорот на Здравен Дом Валандово, Роберт Марков не информираше дека лицето кое е позитивно воопшто не престојувал во општината , оти до вчера бил сместен во државен карантин.По првичните симптоми кои ги развил додека бил во карантинскиот престој , тестиран и со наод и мислење од лекарите бил префрлен на Инфективната болница во Битола.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *