• Sun. May 19th, 2024

Доставени се околу 70 насто од решенијата за данок на имот и комунална такса

ByDimitar Micev

Jun 14, 2017

Привршува доставувањето на решенијата за данок на имот и комунална такса до даночните обврзници. Според Душко Василев раководител на одделението за администрирање на приходи при општина Струмица, досега, доставени се околу 70 насто од решенијата за оваа 2017 година. За данок на имот изготвени се вкупно 16.012 решенија од кои 15.695 за физички и 317 за правни лица. За комуналната такса или популарно наречена фирмарина изготвени се вкупно 3.152 решенија, од нив 2.631 се за правни лица и 521 за за самостојни вршители на дејност.
Оваа такса се плаќа во рок од 30 дена по добивањето на решението, а данокот на имот квартално, односно на три месеци до крајот на годината. Од одделението за администрирање на приходи апелираат до даночните обврзници за навремено подмирување на обврските, затоа што овие приходи одат директно во општинскиот буџет преку кој се реализираат проектите кои го подобруваат животот на граѓаните во општината.
Даночните обврзници со решенијата за данок добиваат и брошура Граѓански буџет на општина Струмица за 2017 година. Преку него граѓаните ќе се информираат за тоа кои се приоритетите на Општината за кои ќе се трошат нивните пари, а тоа ќе придонесе и до зголемување на нивната партиципација во процесите на креирањето на најбитните локални одлуки, вклучувајќи го и процесот на носење на буџетот на Општината, како еден од најзначајните документи за функционирање на Општината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *