• Thu. May 16th, 2024

Дополнителни 53 милиони денари за проектот за заштита на Дојранското езеро

ByЃ. K.

Mar 12, 2024

Градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов, заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, потпишаа нов договор за финансиска поддршка од програмата на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2024 година.

Оваа поддршка изнесува дополнителни 53.000.000 денари и има за цел целосно да се заокружи финансиската рамка и да се оствари проектот за заштита на Дојранското Езеро. Овој проект вклучува санација на колекторскиот систем, изградба на нова пречистителна станица, развој на канализациона мрежа во село Црничани, како и изградба на две мини пречистителни станици во Фурка и Црничани.

Исто така, се најавува санација на делови од хидросистемот „Дојранско езеро“ во наредните денови, што ќе биде проследено со неговото пуштање во функција.

Градоначалникот Ангов покрај тоа повторно го нагласи важноста на постојаното следење на водостојот на Дојранското Езеро и потребата да се осигура функционалност на хидросистемот, користејќи го според потребите.

By Ѓ. K.