• Tue. May 14th, 2024

ДЗС: Југоистокот подготвен против поплави

Пролетта остануваат најкритичниот период  во кои се случиле поплави на Југоистокот. Се уште се свежи секавањата од пред неколку години кога беше поплавено целото струмичко поле. Поучени од ова, општините под будното око на Дирекцијата за заштита и спасување работат не превенирање од поплави. Инспекторот во Дирекцијата, Митко Димчев, вели дека од извршените контроли може да посочат дека општините се релативно добро подготвени да с еносат со оваа природна непогода.

Димчев вели дека како институција разговарале и со водостопанското претпријатие кое е надлежно за речните корита и канали вон опфатот на општините за преземање превентивни активности за спречуваењ поплави од голем карактер

Во регионот се спроведува и проект преку УНДП за чистење на струмичкиот слив, во чија реализација Дирекцијата за спасување е вклучена како контролор.

Димчев вели дека овој проект финансиран преку програмата на Обединетите нации даде голем придонес кон заштита од поплави. Истовремено, од Дирекцијата ја напоменуваат и зголемената јавна свест кај граѓаните да не копаат песок и земја од каналите кои се барикади меѓу нив и водата која може да биде опасна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *