• Sun. May 19th, 2024

Децата од пет клонови на градинката „Детска радост“ на квиз – „Весел детски Семафор“

Во големата сала на домот на Арм, денеска, се одржа квизот „Весел детски Семафор“ во кој што учествуваа дечињата од пет клонови на градинката „Детска радост“. Во прекрасна и весела атмосфера во полна сала, дечињата ги потврдуваа своите знаења од областа на безбедноста во сообраќајот. Сите учесници во квизот покажаа висок степен на знаење, поради што сите беа прогласени за победници и добија исти награди.
Квизот се одржа во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а партнери во проектот беа градинката „Детска радост“, СВР – Струмица и општина Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *