• Fri. May 17th, 2024

Детската градинка „Виножито“ го одбележа Mеѓународниот ден на книгата за деца со повеќе активности

ByЃ. K.

Apr 2, 2024

Денешниот ден 2 април – меѓународен ден на книгата за деца, детската градинка „Виножито“ го одбележа со повеќе активности.

Тие ја посетија библиотеката „Благој Јанков Мучето“ и заедно со авторката Ксенија Маказлиева Трајчева разгледуваа книги и разговараа, пееја песни и читаа приказни.

Авторката ги посети децата и во градинката каде што и другите дечиња имаа можност да ги слушнат нејзините приказни и да ја добијат нејзината книга.

By Ѓ. K.