• Mon. May 20th, 2024

Деспотовски: Компанијата за електрични автомобили се обврза да произведува 30 илјади возила годишно

„Возилата кои ќе се произведуваат во фабриката за електрични автомобили во Тетово се за глобален пазар. Според деловниот план, годишниот капацитет е бројка од 30 илјади возила од 2025 година. Нашите очекувања се дека набрзо ќе го видиме не само производството, туку и сите позитивни ефекти од оваа инвестиција“ рече директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски во вестите на Канал 5.

Тој додаде дека државата има сериозни заштитни механизми и проверки со кои не доделува државна помош додека не се исполнат одредени цели, рокови и обврски.

„Самиот договор кој го потпишавме вчера има заштитни клаузули. Компанијата нема да добие државни пари однапред. Има конкретни рокови, датуми и обврски пред државната помош да биде реализирана“ рече Деспотовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *