• Thu. May 16th, 2024

Денес се одржа 36 седница на Советот на општина Струмица на која се одлучуваше по 22 точки од дневниот ред

ByЃ. K.

Apr 16, 2024

Покрај усвојувањето на програмата за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2024 година, на дневен ред беа уште четири точки од областа на урбанизмот, меѓу кои и оние кои се однесуваа на определување крајбрежни појаси на водотеци во населените места Вељуса и Баница.

Со мнозинство гласови поминаа и трите точки од дневниот ред кои се однесуваа на ЈСП „Струмица – Транспорт“, и тоа: годишната сметка, одлуката за промена на седиштето, како и одлуката за измена на Статутот на претпријатието, а беше усвоен и годишниот извештај за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2023 година.

На 36 седница беа усвоени и годишните сметки со финансиските извештаи на сите основни и средни училишта во општината.

By Ѓ. K.