• Fri. May 17th, 2024

Денес на листата позитивни со Ковид 19 се две лица од Струмица и Вељуса

Струмичанецот по компликациите со коронавирусот е префрлено на инфективното одделение на клиниката 8 Септември во Скопје а лицето од Вељуса е асисмптоматски и е во добра општа состојба.Струмичанецот по компликациите со коронавирусот е префрлено на инфективното одделение на клиниката 8 Септември во Скопје. Епидемилогот во Центарот за Јавно здравјње во Струмица др. Мери Гичева вели дека продолжува трендот во Струмица , лицата кои по тестирањето да се позитивни на вирусот да се од различни кластери.Па така и двата нови два случаја кои се регистрирани во последните 24 часа во земјава.Лицето од насленото место Вељуса кое е позитивно не е поврзано со ниту еден предходен кластер, но истовремено е и асимптоматски и во добра општа состојба , но се наоѓа во домашна изолација.Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Берово-1, Делчево-1, Свети Николе-6, Кичево-4.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, и 6 пациенти суспектни на вирусот.Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 73 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 137 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *