• Thu. May 16th, 2024

Денес во Струмица позитивен 24 годишник.Дали Струмица ќе стане ново жариште со Ковид 19 по лудите журки во ноќните клубови полни со млади

За синоќа клубот Аватар од Струмица имаше најавено гости, македонска група ама забава немаше. Затворија по низата реакции , а денес заработија и кривична пријава по член 205 и 206 од кривичниот Законик.

   Кафетериите и во последно време се поактуелните кафе ту го во Струмица се преполни. Сликата вообичаена како и минатото лето, кога немаше Корона. Масите преполни , без маски и без дистанца на масите од 2 метра пропишана со новите правила. Решивме да снимаме ама наидовме на жестоки реакции. Сопствениците на локалите велат дека на сила неможеле да ги натераат луѓето да стават маски.

       Струмица од почетокот на епидемијата во земјава има регистрирано 39 позитивни , а активни во моментов се 17 лица. Од ЦЈЗ Струмица, сепак загрижени оти позитивните се од различни кластери. Се плашат дека ситуацијата може да ескалира ако се продолжи со ова темпо.Денес позитивен е тестот на 24 годишен струмичанец.

  Граѓните на Струмица уште од самиот старт на епидемијата со Ковид 19 се нај недисциплинирани по однос на почитување на мерките за заштита.Најмногу казни се испашани ама граѓаните и понатаму си тераат лежерно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *