• Mon. May 13th, 2024

Девет невработени лица добија сертификти за ракување со багер, утоварни машини и булдожер

ByDimitar Micev

Mar 12, 2018

Девет невработени лица добија сертификти за ракување со багер, утоварни машини и булдожер. Дел од нив веќе имаат понуда за работа, а во најскоро време и останатите ќе можат да работат во некоја градежна фирма. Академијата Силотер од Струмица во соработка со Агенцијата за вработување, организираше обука за невработени лица од ранливи категории на граѓани. Целта беше да се опфатат лица со занимања кои се дефицитарни на пазарот на труд. Здравко Зелнички е еден од оние кои добија ваков сертификат, вели дека од обуката научил многу, и се надева дека во најскоро време ќе се вработи.

-„Ваквите обуки се многу корисни. Обуката за ракување со багер, утоварни машини и булдожер ја посетував секој ден, четири месеци, па се надевам дека во најскоро време ќе се вработам“, вели Зелнички.

Обуката за ракување со багер, утоварни машини и булдожер траеше четири месеци, а се состоеше од практична и теоретска настава и завршен испит.

За реализирање на обуката беа потрошени 6.200 денари, средства обезбедени од Агенцијата за вработување. Според евиденцијата на Центарот за вработување – Струмица, засега се регистирани 10.391 невработени лица, од кои 3850 се активни баратели на работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *