• Fri. May 17th, 2024

Две лица тешко повредени во сообраќајка во Гевгелија

ByЃ. K.

Aug 22, 2023

Вчера, во 11.15 часот, во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на надвозник од влез на Гевгелија кон булеварот Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот Д. Д. од село Богородица, и патничко возило „мерцедес“, управувано од 35-годишниот М. Т. од село Богородица, Гевгелиско, извести МВР.

„Во несреќата тешки телесни повреди добиле двајца сопатници во патничкото возило ‘фолксваген’, констатирани во Медицинскиот центар Гевгелија“, велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

By Ѓ. K.