• Sat. May 18th, 2024

Две едукативни работилници во СОУ „Јане Сандански“ под мотото „Гласот против корупцијата треба да биде посилен од тишината на корумпираните”

ByЃ. K.

Apr 15, 2024

„Гласот против корупцијата треба да биде посилен од тишината на корумпираните” e мотото под кое се одржаа двете едукативни работилници во СОУ „Јане Сандански“ – Струмица во рамки на проектот „Подготовка на младите како идни учесници во изборните процеси: Со зајакнати знаења до препознавање и превенција на корупција”.

Целта на овие работилници е да се подигне нивото на знаење кај средношколците за корените на корупцијата, почнувајќи од училишните клупи, препознавање на коруптивно однесување – феноменологија, модалитети на реакција, како младите да ја сфатат опасноста на ризикот од корупција, да ја препознаат кај личности кои имплементираат коруптивни постапки со цел да се создаде релевантна основа за превенирање.

Од Quo Vadis Ad Astra изразија Изразуваме посебна благодарност до Одделение за образование при Општина Струмица и СОУ,,Јане Сандански” за соработката. На работилниците присуствуваа околу 130 ученици и неколку професори кои несебично го споделија и своето искуство во поглед на застапеноста на оваа тематика во образовните програми.

Овие проектни активности се дел од програмата Граѓаните против корупцијата која ја спроведува Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС во партнерство со Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Скопје (ИДСЦС), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија, Македонија (ИРЛ) и Балканска истражувачка репортерска мрежа, Македонија (БИРН)“, поддржано од Aмериканската агенција за меѓународен развој – УСАИД/Северна Македонија USAID North Macedonia.

By Ѓ. K.