• Sun. May 26th, 2024

Два нови откупувачи на тутун во струмичко

Очекуваат трка за откуп

Тутунот станува поинтересен за трговците. Годинава во струмичко ќе откупуваат нови две фирми од кои едната по неколку години повторно се враќа на тутунскиот пазар, а другата целосно нова. Од Здружението на тутунопроизводители „Јака“ велат дека кај индивидуалните производители во струмичко нема интерес за окрупнување. Тука, земјоделецот просечно посева 4,5 декари под тутун, за разлика од Западна Македонија каде што овој просек изнесува околу 15 декари.

Андонов апелира до тутунаите да не брзаат со склучување договори со откупувачите. Годинава, цени дека имало голем интерес пред се поради порано заврпениот откуп заклучно со јануари, а не како до сега до 15 март.

РекOлтата 2017 и од производителите, и од откупувачите и од ресорното минситерство беше оценета како една од подобрите. Во годинешниот откуп се откупени 23.100 тони тутун со просечна цена од 217 денари за килограм, а субвенциите се очекува да бидат исплатени во месец април. Вредноста на откупениот тутун оваа година е над 80 милиони евра, со субвенции од околу 28 милиони евра, тоа се над 108 милиони евра кои се доход на тутунопроизводителите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *