• Tue. May 14th, 2024

Данска прва во Европа ги отвора училиштата и градинките

Данска денеска ги отвора училиштата и градинките, кои еден месец беа затворени поради коронавирусот. Со ова Данска е првата земја во Европа која повторно ги отвора вратите на воспитно-образовните институции, пренесува Макфакс.

Одлуката има цел да им олесни на родителите што мора да се грижат за своите деца додека работат од дома.

Сепак, часовите продолжуваат само во речиси половина од општините во Данска и во речиси 35 проценти од училиштата во Копенхаген бидејќи другите побарале повеќе време да се приспособат на здравствените протоколи што сè уште се во сила.

Училиштата мора да исполнуваат одредени стандарди, како што е задржување на растојанието помеѓу учениците, а некои од училиштата ќе бидат затворени уште неколку дена сè додека не ги исполнат мерките. Последниот рок за отворање на училиштата е понеделник 20 април.

Сепак, многу родители се загрижени за последиците од новата одлука донесена порано отколку во повеќето други земји.

Отворањето на училиштата е првиот чекор во планот на Данска за повторно воспоставување на нормалното функционирање во земјата. Рестораните, кафулињата, театрите, кината и трговските центри ќе останат затворени најмалку до 10 мај.

Во Данска, земја со приближно 5,6 милиони жители, коронавирусот е потврден кај 6.706 лица, а 299 починале. Властите вчера објавија 193 нови позитивни случаи на Ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *