• Sun. May 19th, 2024

Граѓанските организации ОД Струмица ќе ги добијаат просториите во реновираниот дел од Инкубаторот

Граѓанските организации од Струмица кои немаат свои простории за работа ќе добијат на користење општински. Реконструираниот дел од старата касарна со пари од бугарската Влада општината реши да им ја отстапи на организациите кои ќе работат во интерес на струмичани. 
 Дваесетина граѓански организации ќе добијат општински  простории за работа. Имено, по добивањето на просториите на поранешната касарна во владение на општините, о. Струмица реши дел од истите да реновира и да ги додели на организациите кои ќе имаат за цел да работат во интерес на граѓаните.

 Просториите во реконструираниот дел се комплетно опремени, невладините нема да плаќаат наем ама режимските трошоци ќе ги подмируваат сами.

  Во овој објект веќе се сместени стопански субјекти, а беше стационирана и регионалната телевизија Вис која целосно изгоре во пожарот од пред 5 месеци. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *