• Tue. May 14th, 2024

Граѓаните на Босилово добија нов повеќенаменски центар со сала за склучување брак

ByЃ. K.

Aug 3, 2023

Почнувајќи од денес, граѓаните на Босилово ќе имаат можност да склучат брак во една пријатна атмосфера, во специјално уредено катче, соодветно на важноста на чинот.

Просторот во поранешната пицерија „Парк” во Босилово е преуреден и прилагоден на барањата и потребите на граѓаните.

Од општината истакнуваат дека тоа е прекрасна идеја која ја реализирале со скромна инвестиција.

By Ѓ. K.