• Mon. May 20th, 2024

Граничниот премин „Богородица“ отворен за сообраќај

Граничниот премин „Богородица“ отворен за сообраќај

Синоќа по 20:00 часот е отворен за сообраќај граничниот премин „Богородица“, што беше затворен откако попладнево во негова близина избувна пожар, потврдија од Министерството за внатрешни работи за МИА.

Пожарот што избувна во граничниот појас меѓу месноста Милци и граничниот премин Богородица е локализиран и ставен под контрола од пожарникарите од Гевгелија и вработени во ЈП „Комуналец“, кои со помош на воени хеликоптери успеале да ги скротат пламените јазици и да ги спасат од поголема опасност објектите на потегот кон ГП „Богородица“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *