• Sat. May 18th, 2024

Граната од 100 килограми најдена во Македонија

ByЃ. K.

Aug 3, 2023

Во текот на вчерашниот ден во 13 часот во СВР Куманово било пријавено дека кај с. Псача, при изведување на градежни работи, била пронајдена авионска граната со тежина од 100 кг, која потекнува од Втората светска војна.

Извршен бил увид, а од страна на Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка.

Не е првпат во државава да бидат пронајдени стари гранати кои датираат уште пред 70 години.

By Ѓ. K.