• Sat. May 18th, 2024

Градоначалникот Славе Андонов потпиша договор за уредување на училишниот двор во ООУ „Атанас Нивичански“ Нова Маала

ByЃ. K.

Nov 21, 2023

Градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, го потпиша договорот за проектот „Изработка на техничка документација со ревизија за уредување на училишниот двор“ во ООУ „Атанас Нивичански“ Нова Маала.

На настанот присутни на потпишување на договорот беа г-дин Армен Григорјан постојан претставник на УНДП, г-дин Рамиз Реџепи директор на Бирото за Регионален Развој, г-дин Микаел Атерхог раководител на развој на соработка на Шведска.

Неопходно е поседување на техничка документација како основа за обезбедување на финансиски средства и реализација на проектот.

Покрај главната цел на настанот, во оваа прилика се дискутираше и за планираните идни активности во рамките на Фондот за техничка документација. Посебен осврт се даде на плановите за негово институционализирање како постојан механизам за финансиска и техничка поддршка на локалните самоуправи во подготовката на висококвалитетна техничка документација и целокупното управување со градежни проекти во општински контекст.

By Ѓ. K.