• Thu. May 16th, 2024

Градоначалникот Костадинов упати честитка до Муслиманите по повод почетокот на Рамазанските пости

ByЃ. K.

Mar 11, 2024

Градоначалникот Костадин Костадинов упати честитка до граѓаните од муслиманска вероисповед по повод почетокот на Рамазанските пости:

„Почитувани сограѓани од исламска вероисповед,

Ви го честитам почетокот на Рамазанските пости, со желба наредните триесет денови да ви поминат во здравје, мир, радост, хармонија, љубов кон Бога и прочистување и воздигнување на Вашиот дух.

Ви посакувам лесен пост и со среќа да го дочекате Рамазан Бајрам, еден од двата најголеми Ваши празници.

Нека ви се за многу години Рамазанските пости и светиот месец Рамазан.“

By Ѓ. K.