• Mon. May 13th, 2024

Градоначалникот Костадинов на средба со младинскиот клуб „Учиме право“

ByЃ. K.

Dec 14, 2023

Денеска градоначалникот Костадинов се сретна со членовите на младинскиот Клуб „Учиме право“ од Центарот за истражување и анализи НОВУС од Струмица.

Посетата значеше практична примена на стекнатото теоретско знаење од областа на правото, односно како сето тоа функционира во локалната самоуправа.

Се разговараше за надлежностите на градоначалникот, за секојдневните обврски и предизвиците на локалната власт.

„Младите на Струмица секогаш ја имаат мојата поддршка, особено во стекнувањето на нови знаења и вештини“, истакна Костадинов.

By Ѓ. K.