• Sat. May 18th, 2024

Градоначалникот Костадинов горд на низата струмички успеси, Павле Витанов беше гостин во неговиот кабинет

ByЃ. K.

Jul 5, 2023

По вчерашниот прием и организираниот пречек за Славица Ангелова – победничката на големото балканско музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид, денес градоначалникот Костадинов изврши прием за уште една струмичка гордост.

  • Го имав задоволството да му посакам добредојде на Павле Витанов – победникот (според „Фејсбук“ гласовите) на музичкото шоу „Никогаш не е доцна“. Му го честитав големиот успех, истакнувајќи дека се гордеам со него, како што се гордее и цела Струмица, а и цела Македонија, посакувајќи му многу нови успеси во неговата понатамошна кариера. Браво, браво, браво за нашиот Павле кој ја продолжи убавата низа од успеси на струмичките интерпретатори. Тоа го може само Струмица. Нека се нижи низата и понатаму.

By Ѓ. K.