• Wed. May 15th, 2024

Градоначалникот Ацо Ристов ги прими момчињата кои го фатија крстот на Водици во Радовиш и населените места

ByЃ. K.

Jan 25, 2024

Градоначалникот на Општина Радовиш, Aцо Ристов, денес изврши прием на лицата од населените места во општина Радовиш кои за празникот Богојавление – Водици успеаја да стигнат први до светите крстови.

Честитајќи им за негувањето на верата и традицијата и посакувајќи им многу здравје, среќа и успеси на секое поле, градоначалникот им подари паметни часовници.

Наградени беа следните момчиња: Филип Глигоров од Раклиш, Бранко Крстев од Ораовица, Павел Атанасов од Подареш, Стојанче Цветков од Јаргулица, Оливер Атанасов од Покрајчево, Христијан Ефтимов од Злеово, Кристијан Митев од Калуѓерица, како и Душко Ѓоргиев кој го фати крстот во Смиланци.

By Ѓ. K.