• Fri. May 17th, 2024

Градинките може да бидат забавни и во летниот период доколку деновите се исполнети со најразлични игри и вештини

ByЃ. K.

Jul 17, 2023

Слободни активности и утринска гимнастика, така им започнува денот на најмладите во детската градинка „Виножито“ во Струмица.

  • „Во летниот период, најчесто активностите се со акцент на забава, најразлични игри и вештини кои заедно со децата ги спроведуваат воспитно згрижувачката и стручна служба“, вели директорката на оваа градинка Софче Димитријева.
  • „Игри преку експерименти, раскажување приказни, водени игри, театарски претстави се само дел од забавните игри кои секојдневно ги играат малите деца од градинката „Виножито“, вели Виолета Донева која е воспитувачка во ова установа.

Воспитно образновната работа во градинката „Виножито“ е исполнета со најразлични активности во текот на целото лето, а со тоа ќе им помогнат на семејствата што имаат одредени потешкотии во згрижувањето на своите деца.

Прилог на Ивана Вангелова

By Ѓ. K.