• Fri. May 17th, 2024

Германија влезе во вториот бран на епидемијата, експертите ги предупредуваат граѓаните

Германија, според тамошните експерти, моментно се наоѓа во вториот бран на епидемијата, пренесува Си-ен-ен.

„Ние сме во вториот бран на ширење на инфекцијата“, рече Сузана Џона, претседателка на синдикатот на лекарите „Марбургер бунд“.

Бројот на заразени лица во Германија се зголеми во последните неколку дена поради што политичарите и експертите ги повикуваат граѓаните да се придржуваат повеќе кон мерките за физичка оддалеченост.

„Постои опасност да го прокоцкаме успехот што го постигнавме досега во Германија“, рече Џона додавајќи дека причината за тоа е желбата на граѓаните да се вратат во нормалниот живот пред епидемијата.

Синдикатот „Марбургер бунд“ смета дека германскиот систем за здравствена заштита е добро подготвен за зголемувањето на бројот на заразените, но ги предупреди граѓаните дека нема причина за опуштање.

„Посакуваме нормалност. Но, продолжуваме да живееме во ситуација што, едноставно, не е нормална“, рече Џона.

извор: макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *