• Sat. May 11th, 2024

Гевгелија доби мерна станица за амбиенталниот воздух

Гевгелија, 21 септември 2020 () – Во кругот на Јавното комунално претпријатие во Гевгелија пристигна мерната станица која во секој момент ќе дава валидни информации за квалитетот на воздухот што го дишат гевгеличани, изјави денеска градоначалникот Сашо Поцков. Посочи дека наредниве десетина дена треба да биде изградена платформа со ограда на која ќе биде поставена мерната станица на просторот пред детската градинка „Сончогледи“ во Гевгелија. -До овој момент владее милењето дека Гевгелија е еколошки чист град и дека гевгеличани дишат квалитетен воздух, но едно е тоа што мислиме ние, а сосема друго е тоа што ќе го покажат параметрите за аерозагадувањето добиени од мерната станица, рече Поцков. Општина Гевгелија мерната станица ја доби во рамки на заеднички ИПА проект од прекуграничната соработка со Грција, преку Центарот за климатки промени од Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање.

извор: http://oserver.mk

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *