• Tue. May 21st, 2024

„Гевгелиско културно лето“ ќе заврши со премиера на краткометражен филм – „Лазаренки“

ByЃ. K.

Jul 20, 2023

„Гевгелиско културно лето“ ќе заврши со премиера на краткометражен филм, во продукција на ЈОУ Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија, „Лазаренки“. Премиерата е закажана за вечерва (20 јули), со почеток во 21:00 часот, на платото пред Народниот театар – Гевгелија. Публиката повторно ќе има можност да се наврати на фолклорот преку обредите кои македонскиот народ ги практикувал за време на Лазарова сабота.

Во филмската адаптација со времетраење од 13 минути, од целиот етнички предел Бојмија се издвоени неколку обредно – вокални нумери, коишто групата девојчиња ги пееле на денот на изведување на чинот. Како статисти, во филмската адаптацијa учествуваат уметниците од Академскиот ансамбл „Македонија“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Филмот е снимен на локации во селото Петрово – Гевгелиско токму на Лазарева сабота, на 8 април, годинава.

By Ѓ. K.