• Fri. May 17th, 2024

Втората парада на гордоста во Скопје ќе се одржи утре

Втората парада на гордоста во Скопје ќе се одржи утре

Утре под слоганот „Вон ѕидовите“ ќе се одржи втората парада на гордоста во Скопје.

Од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, која го организира настанот, велат дека парадата е наменета за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе.

„Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество. Се надеваме и на вашето присуство на овој настан, со оглед на значајната улога на медиумите во борбата за унапредување на човековите права и прифаќањето на различностите во општеството“, велат организаторите на настанот.

Парадата ќе почне во паркот ,,Жена-борец’’, а крајна дестинација е „Школка“ во Градскиот парк.

На парадата ќе се обратат претставнички на организацискиот одбор на Скопје Прајд и на Интерпартиската парламентарна група за унапредувања на правата на ЛГБТИ луѓето, како и родител на ЛГБТИ дете. Во забавниот дел од програмата ќе учествуваат: Соња Исмаил, Вера Вендета, Васил Гарванлиев, Фифи Јаневска, Туна, Ивана Драгшиќ, Узун Баба и Зоки Бејбе. Водители на настанот ќе бидат Линда Социјалиста и Огнен Јанески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *