• Tue. May 28th, 2024

Вршеле јавен превоз на патници без соодветни документи

Синоќа на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струмица извршиле контрола во автобус со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управуван од Н.Б.(37) од с.Велуса, струмичко.
При контролата било утврдено дека автобусот вршел јавен превоз на патници без соодветна документација, а исто така биле затекнати повеќе патници од дозволениот број на патници кои може да се превезуваат.

Контрола била направена и на магистрален пат Струмица – Радовиш, и тоа во три патнички моторни возила со струмички регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека лицата Н.В.(27) од Струмица, А.Д.(38) од село Дабиле, струмичко и И.Ц.(42) од Струмица со возилата вршат јавен превоз на патници без соодветна документација. По целосно документирање на случаите против возачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *