• Sat. May 18th, 2024

Во 05 часот утрово загина струмичанка на излезот од градот на транзитниот пат.

Страотната сообраќајна несреќа во која загина струмичанка рано утрово ја потврдија од СВР Струмица.Неофицијалните информации засега се, дека утрово во 05 часот на излезот од Струмица на транзитниот пат жена се обидувала туркајќи го моторното возило да го стартува кога во истиот момент од спротивната страна наишло друго моторно возило кое удрило во жената.Неофицијално,младата жена од силниот удар починала на местото на настанот.Од СВР Струмица информираат дека увидот е завршен но се чекаат официјалните податоци како дошло до несреќата.Најавуваат детали во 14 часот.