• Thu. May 16th, 2024

Во употреба новото мултифункционално спортско игралиште кај „Никола Вапцаров“

ByЃ. K.

Oct 5, 2023

Од денеска во употреба е новото мултифункционално спортско игралиште со комплетно партерно уредување во Втората урбана заедница, кај училиштето „Никола Вапцаров“.

„Ги исполнуваме барањата на граѓаните, ги зголемуваме можностите и го промовираме здравиот начин на живот на струмичани“, истакна градоначалникот Костадинов.

Игралиштето е општинска инвестиција од близу 12 милиони денари и четврто такво досега направено во градот. Следното е во Турското маало, а наредната година Банско.

By Ѓ. K.