• Fri. May 17th, 2024

Во Радовиш се одржа Јавна регионална дебата на тема „Креирање инклузивна локална средина“

ByЃ. K.

Nov 28, 2023

Денеска во просториите на Народната библиотека „Браќа Миладиновци“ во Радовиш се одржа Јавна регионална дебата на тема „Креирање инклузивна локална средина“.

Дебатата се одвиваѓе според предвидениот дневен ред:

1. Воведно обраќање и отварање на јавната дебата – кратка презентација на целта на дебатата и презентација на проектот Инклузија на деца со ПОП

2. Потреби, иницијативи и планирани чекори за поддршка на инклузијата во општина Радовиш – г-ѓа. Весна Конзулова.

3. Инклузивни практики, придобивки и предизвици во ООУ: Орце Николов, с. Ињево – претставник на училишен инклузивен тим.

4. Улогата на локалната самоуправа во градење на модел на инклузивна заедница – активности, мерки и иницијативи за подобрување на инклузивноста во општина Струмица – г. Зоран Узунов.

5. Улогата на училиштето со ресурсен центар во обезбедување услуги на локално ниво – претставник од училиште со ресурсен центар, Ново село.

6. Инклузивни практики, придобивки и предизвици во ООУ: Никола Карев, Кочани – претставник на училишен инклузивен тим.

7. Улогата на локалната и бизнис заедницата во поддршка на инклузијата – позитивна практика од организирање фандрејзинг настан од ООУ: Крсте Петков Мисирков, Радовиш – г-ѓа. Гордана Здравковска.

8. Дискусија.

Сумирање на препораки и заклучоци.

By Ѓ. K.