• Sun. May 19th, 2024

Во последните три недели се забележува стабилизирање на бројот на заболени од ковид-19

Во последните три недели се забележува стабилизирање на бројот на заболени од ковид-19

 Тестирани се вкупно 14.434 материјали со намалување од 3 проценти во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.106 нови позитивни случаи од 33 градови во државата, со намалување од 31 отсто.

Процентот на позитивност просечно изнесува 7,3%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Битола, Демир Капија и Ресен. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени над 60 години, а најмал број деца до 9 години. Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај сите возрасни групи особени кај лицата од 50-59 години.

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 1.530 лица во болница или на домашно лекување, 10,6% помалку во споредба со минатата недела. Пријавени се 175 реинфекции, со намалување од 36,1% и 10 смртни случаи во 4 градови или за 23,1% помалку во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (6). И натаму присутни се BA.1 и BA.2 сублиниите на омикрон.

Заклучно со 10.04.2022, пријавени се вкупно 307.817 случаи со коронавирус. Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово и Кавадарци, а највисок морбидитет во Кавадарци и Скопје. Највисок морталитет во Прилеп, Кавадарци и Охрид, а леталитет во Струга и Крива Паланка .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *