• Sat. May 18th, 2024

Во понеделник ОК Струмица со прва шанса да го крене Шампионскиот пехар

Одбојкарите на Струмица во понеделник во спортската сала при СОУ ,,Димитар Влахов,, ќе ја имаат првата шанса да ја освојат шампионската титула. Им недостасува уште една победа против тимот од Пробиштип каде вчера со 3:1 во сетови ја забележаа вториот триумф над ривалот за златните одличја.  Шампион ќе биде тимот кој ќе дојде до три победи до кои ги дели само еден чекор избраниците на Кире Ричлиев.

Инаку вчера во вторито финален натпревар Струмица на пробиштипјани им дозволија да се радуваат само на третито сет откако водеа со 2:0. Интересно веше и во четвртиот но момците од Струмица докажаа дека со нив нема шала и го добија со 27:25 за конечни 3:1

Третиот а можеби и последен финален дуел се игра во понеделник во салата на училиштето Димитар Влахов со почеток во 18,30 за да потоа почне и шампионското славје за новата одбојкарска титула во најодбојкарскиот град во Струмица

фото www.strumicanet.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *