• Sun. May 19th, 2024

Во Ново Село протест „Слобода за Митко Чавков“

Жителите на Ново Село вечерва протестираа низ улиците на населеното место со транспаренти на кои пишува “Слобода за Митко Чавков”.
Протестот бил пријавен во полиција, поради што за време на неговото одржување имало и полициско обезбедување, но покана за присуство не добија медиумите.
Фотографии од протестот се објавени во фејзбук групата “Советничка група на на Вмро Дпмне Ново Село.”
Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност е осуден на 18 години затвор за настаните од 27 април 2017, кога беше извршен упад во Собранието.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *