• Fri. May 17th, 2024

Во месноста „Чамл`к“ се работи на станбена населба каде ќе се сместат социјално загрозени семејства

ByЃ. K.

Aug 21, 2023

Струмица се развива континуирано, а доказ за тоа се и активностите во месноста „Чамл`к“ каде што градежната оператива со несмален интензитет работи на предвидените фази од изградбата на станбената населба со објекти за сместување и домување на социјално загрозени семејства од нашиот град.

Овој капитален проект кој предвидува изградба на стотина типски куќи во утврдениот просторен опфат од 3,34 хектари.

„Летната градежна офанзива продолжува на повеќе места места, затоа што општина Струмица и нејзините граѓани тоа го заслужуваат“, стои во соопштението на градоначалникот Костадинов.

By Ѓ. K.