• Sun. May 19th, 2024

Во Кина е пуштена во употреба најбрзата интернет-конекција во светот

ByЃ. K.

Nov 15, 2023

Во Кина е пуштена во употреба најбрзата интернет-конекција во светот, која има пропустен опсег од 1,2 терабајти во секунда и ги поврзува Пекинг, Вухан и Гуангжу, пренесува Global Times.

Оваа ултрабрза мрежа долга 3.000 километри станува најзначајниот дел од идната интернет инфраструктура на Кина.

Кина вртоглаво ги зголемува големината и брзината на своите интернет-инсталации.

Како што е наведено, до септември оваа година во земјата се изградени повеќе од 3 милиони станици за 5G со антени формирајќи ја најголемата мрежна структура во светот.

By Ѓ. K.