• Tue. May 14th, 2024

Во земјава легализирани 296 810  дивоградби

Во државава досега се легализирани 296 810 нелегално изградени објекти. За нив се издадени решенија со документација којашто опфаќаше барање до општината, изработка на геодетски елаборат и потврда од платени комунални сметки. Во собраниска процедура веќе долго време е нов закон за легализација, а по неодамнешните разорни земјотреси во Турција и Сирија, експертите од областа укажуваат дека евентуалните идни легализации задолжително треба да се прават со архитектонски проект и контрола на статиката.

 -Не треба, но во случај да се носи нов закон за легализација на дивоградби, не смее да се дозволи тоа да се прави само со геодетски елаборат, туку со архитектонски проект и контрола на статичките елементи за да може да се гарантира дека тие објекти се безбедни за живеење, вели за МИА Никола Велковски, од Здружението за градежништво при Стопанската комора на Северна Македонија.