• Sat. May 18th, 2024

Во Задар промовирана книгата „Шаманизмот во македонската народна традиција“ од Ана Витанова Рингачева

Книгата „Шаманизмот во макeдонската народна традиција“ , докторски труд на универзитетската професорка Ана Витанова Рингачева, вечерва се промовираше во Задар.

Промоцијата ја организираа Македонското културно друштво „Билјана“ од Задар во рамките на XVI Денови на македонската култура. Ана Витанова Рингачева пред хрватската публика ја претставија Мирјана Мајиќ од МКД „Билјана“ и книжевната критичарка Жаклина Кутија.

„Среќни сме што првата промоција на ова вредно и уникатно дело е токму во Задар“, изјави Мирјана Мајиќ, која е една од најистакнатите членови на МКД „Билјана“, поетеса и организаторка на бројни културни настани. 

Витанова Рингачева утре ќе ја прими наградата „Горан Бујиќ“ за најдобар новинар – книжевник надвор од Хрватска за 2019 година, што ја доделува Хрватското книжевно друштво од Задар во чест на прерано починатиот новинар, критичар, книжевник и есеист Горан Бујиќ.

„Шаманизмот во македонската народна традиција“ е во издание на издавачката куќа Македоника литера.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *