• Tue. May 21st, 2024

Волонтерите на Црвен Крст во соработка со општина Струмица делеа вода на четири пункта во градот

ByЃ. K.

Jul 18, 2023

Во периодот на топлотниот бран кој го зафати нашиот регион, волонтерите на ЦКРСМ ОО Струмица во соработка со општина Струмица делеа вода на 4 пункта во градот. Само денес се поделија 800 шишиња вода, а во периодот што следува ќе се продолжи со оваа акција сѐ додека трае топлотниот бран. Најмногу внимание се посветува на постарите лица на кои покрај шишенце со вода му беа споделени препораки за зачувување на здравјето.

Пунктовите беа стационирани на:

Главен влез на ГТЦ Глобал;

На булевар Маршал Тито,кај супермаркет Тинекс ;

На плоштад Гоце Делчев;

Во турското маало;

By Ѓ. K.