• Wed. May 15th, 2024

Возач и сопатник повредени – со возилото излетале од патот Дабиље – Петралинци

полиција

На 03.06.2023 во 18.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Берово, на делницата помеѓу с.Дабиље и с.Петралинци, во близина на крстосницата за с.Сарај, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.К.(62) од с.Двориште, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката К.К.(58) од с.Двориште, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.