• Thu. May 16th, 2024

Возач го изгубил животот во сообраќајка во Гевгелија

На 10.02.2022 во 20.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улица „Моински пат“ во Гевгелија, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.С.(56) од Гевгелија, изгубило контрола и удрило во паркирано патничко моторно возило „фолксваген поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое од ударот се придвижило и удрило во друго паркирано „опел вектра“, исто така, со гевгелиски регистарски ознаки.

На местото на несреќата починал возачот С.С.. Увид извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *