• Mon. May 20th, 2024

Возачите на камиони ќе влегуваат во Грција без да приложат негативен тест

За влез во Република Грција не e потребен негативен ПЦР тест само за возачи на товарни моторни возила, известува Министерството за внатрешни работи.

Грција вчера воведе нов протокол за влез во земјата од граничниот премин „Евзони“, кој стартува на 17 август.

Во согласност со протоколот, до крајот на овој месец, на граничниот премин Евзони, во периодот од 6 до 22 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само грчки државјани, државјани на трети земји што имаат регулиран престој во Грција, дипломатски персонал и членови на нивните семејства, лица што патуваат од медицински и деловни причини, а кои претходно биле најавени и добиле одобрување за патување, како и возачи на товарни возила.

извор. Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *