• Thu. May 16th, 2024

Владата одобри околу 422 илјади евра за изградба на водовод во Дукатино и Требичино

Владата на Република Северна Македонија, на општина Василево ѝ одобри средства во висина од 25 719 300 денари за реализација на проектот „Изградба на систем за водоснабдување на село Дукатино и село Требичино“, за кој општината достави комплетна проектна документација.

Ќе се изврши комплетна реконструкција и проширување на зафатот каде што е изворот за поголемо количество на вода, изградба на два нови резервоара за филтрирање на водата и поставување на комплетно нова водоводна линија од изворот до двете наслени места и поставување на нова секундарна водоводна линија во селата односно до секое домаќинство.

Овие средства се доделени во рамки на Владината Одлука со која се врши промена на намената на дел од средствата од Договорот за концесија склучен помеѓу Република Северна Македонија ТАВ Македонија, а кои биле наменети за изградба на карго аеродром во Штип.

Проектот, Изградба на системот за водоснабдување на село Дукатино и село Требичино, како дел од Програмата за изградба и реконструкција на водоводната мрежа во општина Василево за 2021 година, беше усвоен на денешната 39-та седница на Советот на општина Василево и истиот ќе се реализира во текот на наредната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *