• Sat. May 18th, 2024

Владата и синдикалците не се договорија, во среда нов обид да договор

By

Jan 31, 2022

Владата и синдикатите на денешната средба не постигнаа договор за зголемување на минималецот на 18 илјади денари. Синдикалците велат дека од Владата не добиле конкрекетн одговор кога може да се очекува сегашната минимална плата од 15.200 денари да биде зголемена.

Во среда се очекува да осаварат уште една средба со владини претставници, но и со работодавачите на економско-социјалниот совет. Според синдикалците ова ќе биде последна шанса дадена до Владата за итно зголемување на минималецот во спротивно ќе се активира генералниот штрајк на работните места, а не се искучува и можноста за организирање на протести, блокирање на фабрики и раскрсници.

ССМ бара минималната плата уште веднаш да биде покачеана, бидејќи граѓаните со поскапените цени и храната нема да можат да си ги подмират сметките.

извор:https://alsat.mk/mk/vladata-i-sindikaltsite-ne-se-dogovorija-vo-sreda-nov-obid-da-dogovor/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *